дома Македонија ПОРНО АКТЕРКА ПРОМОВИРАНА КАКО „ЅВЕЗДА“: Телевизијата на Боки 13, промовираше порно глумица...

ПОРНО АКТЕРКА ПРОМОВИРАНА КАКО „ЅВЕЗДА“: Телевизијата на Боки 13, промовираше порно глумица како „ѕвезда“

Уредништвото на телевизијата „1ТВ“ во сопственост на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, реши дека е паметна идеја во својата програма да промовира порно ѕвезда, во емисија која е означена „за сите публики“

Најавена како ексклузивна „ѕвезда“, Џесика Стојадиновиќ – Стоја беше гостин во студиото на „1ТВ“, поканета како дел од кастингот на филмот „Едерлези Рајзинг“, направен по српско сценарио и режија.

Стоја претходно била активна во порнографската индустрија, како што вели, имала успешна кариера во порнографијата.

Ширењето на таквата развратна пропаганда беше причина низа на експерти да предупреудваат на отварањето на оваа телевизија, имајќи ја во предвид идеологијата која ја застапува нејзиниот сопственик.