April 25, 2024, 10:14 am

Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од своите места во јавната администрација – Велат дека тоа нема да ги поколеба однадвор да го разоткријат криминалот на власта на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Димче Арсовски и Марија Митева јавно се откажаа од своите позиции во управните одбори на градските претпријатија посочувајќи дека целта на нивните позиции во градската администрација било разоткривање на криминалот на претходната локална власт на чело со Шилегов.

Сепак тие потенцираат дека ова нема да ги спречи да го разоткријат криминалот на Шилегов и неговите директори надвор од институциите.

-Ја следам возбуденоста во СДСМ поврзано со моето име и сметам дека тоа повеќе се однесува на стравот дека од внатре на ЈСП ќе го видам и јавно ќе го објавам сиот криминал со компанијата и секако, за планот за БРТ.

Иако го имам сиот потребен кредибилитет да бидам дел од УО на ЈСП, верувам во принципи, за разлика од партиските членови на СДСМ. Нема трговија со принципи ниту со претпријатија.
Тие принципи не постојат во СДСМ, затоа што на пример истата прашина како за мене (нас), очекувано би ја кренале и за портпаролот на Алтернатива којшто го поставија за директор на МЕПСО во време на најголема енергетска криза.

Во име на тие принципи и во име на таа разлика, донесов одлука да се заблагодарам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП и да побарам да бидам исклучен од листата.
Истовремено, оставам аманет на оние коишто ќе бидат избрани, да не го премолчат криминалот, како и да поведат сметка за претпријатието- симбол на Скопје, напиша Стоилковски.

-Стравот и паниката на СДСМ од моето име дека ќе влезе во УО на ЈП Водовод, особено од оние кои што се најгласни по ова прашање, што јаделе и пиеле преку сметките на Град Скопје, за што дополнително ќе разговараме во иднина, е издржан и реален.

Да, предложен сум за член во УО на ЈП Водовод и сметам и сум сигурен дека имам доволно знаење, дигнитет, кредибилитет, чесност во мене и волја да учествувам во домаќинско менаџирање на оваа институција, но и да се заложам да се работи транспарентно и јавноста да знае што се работи, но и што се работело претходно, обелоденувајќи го целиот криминал.

НО, гледајќи ја целата оваа паника, страв и оцрнување на моето име на социјалните мрежи од партиските апаратчици и оние поддржувачи, а дел и креатори на криминал и корупција во институциите, сакам јавно да известам дека барам да бидам отстранет од предлог-листата за член на УО, од едноставна причина, што нема да дозволам стравот и паниката на СДСМ да се насочи кон навреди и оцрнување на моето име и семејство, но и ВМРО-ДПМНЕ, чии кадри работат чесно и искрено откако се на функциите.

Едно ќе порачам, останувам уште повеќе фокусиран на разоткривање на криминалот и корупцијата на актуелната власт и нивните претходни кадри, иако нема да бидам дел од институционалното управување.

Како што до сега јавноста дознаваше за криминалии и корупција на власта, АД Славија, Коста Петров од ФИТР кој си поднесе оставка, Петре Шилегов, поранешните градоначалници, директорите на јавните претпријатија од Град Скопје и останатите, во иднина очекувајте многу повеќе и поинтензивно, напиша Арсовски.

Во мојот начин на делување немало двојни принципи, ниту ќе има во иднина. Интегритетот е нешто кое нема цена! Стојам зад тоа, со целиот свој професионален начин на делување од почетокот и ќе е остане така до крајот! СДСМ ги гледа функциите во државава како начин за печалење пари, за криминал, јас пак бев силно уверена дека ќе го извадам криминалот на ЈП Водовод на виделина, ќе и образложев на јавноста како се склучувале договори за изградба на водоводна мрежа на Варшавска и.т.н …
но ќе дадев и свој личен пример како со домаќинско работење се доаѓа до успех. Но, нема да им го пружам задоволството на СДСМ да си држат пресови со намера да фрлат црна дамка на мене, затоа се заблагодарувам на довербата, но барам предлогот за мене да биде повлечен. А кој и да биде член на управниот одбор јавно го повикувам да ми ги каже криминалите, па јас ќе продолжам на прес!!!
*Јавните претпријатија ќе бидат првиот доказ за тоа во каква була ја однесовте Македонија, напиша Митева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This