дома Македонија Портпаролката на Битолската kлиничka бoлницa: Гоце Делчев бил кypвap, ги пyштaл мажите...

Портпаролката на Битолската kлиничka бoлницa: Гоце Делчев бил кypвap, ги пyштaл мажите да се бopaт, тој oдeл од жeнa на жeнa

Говорот на омраза од страна на активни членови на СДСМ продолжува на социјалните мрежи. Отворено се напаѓа се што е македонско, актуелни полтичари од опозицијата, но и историски личности. Сузана Конеска, актуелна портпаролка на Битолската клиничка болница, на нејзиниот Фејсбук профил напишала:

,,Аман бе луѓе се испотепавме за Гоце Делчев. Абе гледајте децата да имаат живот, да има плати поголеми. Шо Гоце? Курвар, ги пуштал мажите да се борат, тој од жена, на жена, костумосан, ни една слика нема во униформа. Го отепале на пичка во некоја куќа в село. Му дошол преку глава на некој, го накодошил кај Турците. Сите исто ги почитуваме неговите изречени идеали, ама да заборавиме сегашноста, иднината… Да се бориме за добри услови за нас и нашите деца подобро ќе е. Гоце леб и иднина на децата нема да им даде.”

Конеска не е првата гласноговорничка на СДСМ која шири говор на омраза на социјалните мрежи, но праксата покажува дека ниту еден член на владејачката партија до сега не одговарал за статус на Фејсбук. Но, затоа пак, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, беше на распит ради статуси на Фејсбук, иако има пратенички имунитет.