дома Економија ПОСКАПЕА ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНИТЕ: Цената на нафтените деривати се зголемува од ноќеска

ПОСКАПЕА ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНИТЕ: Цената на нафтените деривати се зголемува од ноќеска

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден денар до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот ќе биде 34,849 ден/кг.

Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.