После два месеци – нови искази: Повеќе од 10 луѓе проговореа за страшната несреќа во модуларната болница во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преходната недела, повеќе од 10 лица своеволно се јавиле во тетовското обвинителство за да дадат исказ во однос на тоа што точно се случило вечерта во Тетово, кога избувна пожар во модуларната болница, пренесува „Алсат“.

Оваа информација, била потврдена од шефот на ОЈО Тетово, Бесил Алиу, за Алсат. Тој објаснил дека, дел од овие лица, биле всушност хоспитализирани во модуларната болница во Тетово ама успеале да избегаат и да се спасат. Други биле придружници, а трети граѓани им помагале на луѓето да излезат од болницата.

Овие лица, како што пренесува „Алсат“, чекале цели два месеци да дадат исказ, бидејќи имале многу големи трауми, биле во шок и не биле подготвени да се соочат со трагичните настани.

Но, од Обвинителството изјавиле дека нивните изјави нема да променат многу. „Алсат“ пренесува дека според нивни информации, лицата кои дале изјави, само ги потврдиле случувањата кои веќе биле познати.

Инаку, Обвинителството го чека извештајот, односно, резултатите од германските експерти во врска со настанувањето на пожарот во болницата во која умреа 14 лица, а во нејзе беа 26.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This