дома Европа После кpизaтa со кoрoнaвиpycот, ќе излеземе пocилни

После кpизaтa со кoрoнaвиpycот, ќе излеземе пocилни

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Европејците на храбар реформски курс со цел посилни да излезат од кризата со коронавирусот.

– Помошта што не е поврзана со реформите и насочувањето кон иднината нема да помогне на крајот, рече Меркел пред состанокот со холандскиот колега Марк Руте.

Таа синоќа истакна дека „светот не спие“.

– После оваа криза, картите сигурно повторно ќе бидат измешани, подвлече Меркел.

Таа истакна дека ќе се види кој навистина може да ја гарантира благосостојбата на луѓето во нивните земји.

– Не станува збор само за поголема конкурентност и економија ориентирана кон иднината. Голема улога мора да имаат и заштитата на климата, во што Холандија оди по многу ангажиран пат, рече Меркел.

Руте рече дека пандемијата на коронавирусот нанела голема штета и оти сега е важно заедно да се надмине „ударот“ што го прими Европа.