дома Македонија ПОСЛЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ДУРИ 15 ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО НА РАСПИТ ВО СЈО: Продолжува...

ПОСЛЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ДУРИ 15 ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО НА РАСПИТ ВО СЈО: Продолжува притисокот врз пратениците за да гласаат за промена на Уставот

Околу 40 минути траеше увидот во доказите за предметот „Моќник“, кој осомничениот пратеник Антонијо Милошоски го направи со адвокатот Димитар Дангов.

Милошоски по увидот, тврдеше дека 15 пратеници од опозицијата биле на распит во СЈО по референдумот

По неуспешниот референдум, отприлика 15 пратеници, мои колеги, вклучително и јас, сме повикани од страна на СЈО, вели Милошоски.

„Сметам дека со тоа се покажува дека обвинителството има своја политичка намена, односно сите овие случаи, постапки и распити, имаат за цел да принудат дел од пратениците да гласаат против волјата на народот, односно за измена на уставот на РМ, истакна тој.

Истрагата не ја коментираше. „Предметите не би ги коментирал во подробности. Би кажал дека истите се неосновани и самиот тајминг на покренувањето на предметите по пропаднатиот референдум навестува дека СЈО има селективна правда и е политичка институција, која сака да изврши притисок врз поголем дел од пратениците на опозицијата, рече Милошоски.