дома Магазин После 25 години ја симна црнината:Емоциите ме понесоа!

После 25 години ја симна црнината:Емоциите ме понесоа!

Лора, постарата ќерка на популарната Сузана Турунџиева, пред некој ден направи во Скопје мала, интимна, но незаборавна свадба. Таа на вечна љубов се заколна и пред Бога со својот сопруг Филип. Сепак, на скоро сите во очи им падна присуството на мајката на Сузе, тетка Блага, односно бабата на Лора. Тоа за сите беше пријатно изненадување, а за самата Сузана, разбирливо и премногу емотивно.

– Многу нешта ми беа испомешани тој ден и со солзи радосници, но и со по некоја тага. Нормално дека не сакав да тагувам, денот беше за веселба! Не знам ни самата да си објаснам, но сето тоа ќе го памтам за цел живот. Мајка ми со тоа што дојде на свадбата на својата внука, ја симна црнината после 25 години.Толку години има од смртта на татко ми и 17 години од смртта на брат ми, нејзиниот син. И што да кажам уште….емоциите ме понесоа, си го кажаа своето, беше многу искрена нашата драга пејачка, водителка и писателка Турунџиева