дома Свет Постигнат е договор за исплата на штeтa за блokaдата на Суецкиот канал

Постигнат е договор за исплата на штeтa за блokaдата на Суецкиот канал

Египетскиот суд ги одложи рочиштата во спорот околу надоместокот за 11 јули, со цел да им овозможи на Администрацијата на каналот и на сопственикот на бродот да постигнат спогодба, изјавија извори од судот и еден адвокат.

Претставник на сопствениците и осигурителните компании на контејнерскиот брод „Евер даден“, кој во март годинава го блокираше Суецкиот канал, изјави денес дека е постигнат договор за отштета со органот на Суецкиот канал, со цел да се овозможи бродот да биде ослободен.

Поради спор околу барањето на Управата за компензација, управата на Суецкиот Канал ги чуваше гигантскиот брод и неговиот екипаж во езерото помеѓу двата дела на каналот, откако бродот беше преместен на 29 март за да овозможи сообраќајот

СЦА соопшти дека договорот за порамнување ќе биде потпишан во среда на церемонија и дека учесниците ќе можат да гледаат како бродот испловува

Шои Кисен и нејзините осигурителни компании минатиот месец соопштија дека постигнале принципиелен договор со СЦА.

СЦА бараше 916 милиони американски долари компензација за да ги покрие трошоците за спасување, штетата на репутацијата и изгубените приходи пред јавно да го намали барањето на 550 милиони американски долари.

Шои Кисен и осигурителните компании на бродот го оспорија побарувањето и притворот на бродот пред египетскит суд