Постоела опacност од пpoпаѓање на коловозот кај желзничка: Шилегов со БРТ би го донел во опacност животот на скопјани?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфомакс дојде до нови сознанија поврзани со проектот на Шилегов за БРТ или поедноставно наречената приоритетна лента за автобуски сообраќај.

Во неколку делови нашата редакција истражуваше за проектот на екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и копајќи по документацијата дојдовме до идејното решение за проектот во кое се анализираат сите ризици од овој милионски проект.

Покрај сериозните законски пречки и огромната цена на чинење како и сознанијата дека проектот наместо да го растериети градскиот сообраќај тој дополнително може да ја влоши состојбата со сообраќајниот метеж постоеле и пречки кои би можеле да ја загрозат безбедноста на скопјани.

Имено во анализита се нотира дека на дел од маршутат на БРТ се наоѓаат тунели кои можеби не би можеле структурно да ги издржат дополнителните градежни дејствија, но и зголемениот сообраќај.

Под коловозот кој се наоѓа паралелно со железничката станица во Скопје се наоѓаат големи тунели и магацини каде се наоѓаат агрегати за електрична енергија кој се изградени паралелно со изградбата на новата железничка станица.

Во самиот текст во идејното решение се нотира дека овие подземени простории може да доведат до сериозни градежни проблеми, а веројатно доколку се загрози нивната структурна стабилност истите можат да доживеат колапс кој би резултирал и со човечки жртви.

-Современото планирање на урбаните трансортни системи подразбира полна интеракција на јавниот градски превоз со меѓуградскиот патен и железнички сообраќај. Планираната директна врска на БАС станицата кај транспортниот центар со железничката и автобуската станица е доведена во прашање заради градежни проблеми врзани со постоење на подземени тунели и прашања за носивост на коловозот, стои во проектот.

Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на Република Македонија.

Да не заборавиме Скопски земјотрес од 1963 година. Како резултат на земјотресот, официјалните податоци тврдат дека барем 1,070 жители ги загубиле животите, а околу 2,900 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200,000. Земјотресот од 1963 г. до ден денес е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија. Во минатото, Скопје двапати бил целосно разрушен од земјотреси: во 518 година, кога бил уништен под тогашното име Скупи, и во 1555 година.

Замислете си само ситуација во која поради изградбата на БРТ би се загрозила структурата на новата железничката станица во Скопје и истата по некој иден земјотрес би останала како споменик за немоќта на човекот пред природата, но и споменик на нерационалното работење на градоначалникот Шилегов кој и покрај сите препреки се одлучи да фрли 70 милиони евра на овој негов каприц.

Имено уште еднаш ја информираме јавноста дека ниту станува збор за автобуско метро, ниту станува збор за трамвај на тракала туку за приоритетна лента за превоз на патници со автобуси за која во својата програма „Живот во Скопје за сите“, Шилегов посвети само три реченици, ја претстави како свој личен генијален изум, а не успеа ни да отпочне со реализација во својот мандат од четири години.

Доколку новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска не ја сопреше реализацијата на овој проект ќе беа потрошени неверојатни 70 милиони евра, и уште толку најверојатно во скриени трошоци за експропријација на земјиште, изградба на дополнителна инфраструктура за сообраќајно решение кое и според самите наводи на идејниот проект на Шилегов нема со сигурност да го реши сообраќајниот хаос во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This