дома Македонија ПОСТОИ ЛИ ДОГОВОР СО СДСМ: Циркузот во Собрание продолжува – независните поднеле...

ПОСТОИ ЛИ ДОГОВОР СО СДСМ: Циркузот во Собрание продолжува – независните поднеле 300 амандмани за законот за ЈО

Таканаречените независни пратеници поднеле 300 амандмани за законот за јавно обвинителство – дознава Република. Доколку тие релано се поднесени, шансите за носење на законот за ЈО до утревечер се сведени на нула. 300 амандмани да се разгледаат за еден ден е повеќе од невозможна. Која е целта на ова?! Или за да не се донесе законот или да се одложи носењето на истиот со цел одлагање на изборите.

Изворите на Република со кои разговаравме велат дека постои реален сомнеж дека се работи за договор меѓу независните и власта за свесно одложување на изборите кои се закажани за 12 април, од причина што анкетите за рејтинг на партиите јасно кажуваат дека СДСМ би доживеала пораз на овие избори.

Извори на Република тврдат дека со независните за амандманите преговата Дамјан Манчевски.