дома Актуелно ПОСТ НА МИХАИЛОВ ДОКАЖУВА : Колку повеќе власта се обидува да го...

ПОСТ НА МИХАИЛОВ ДОКАЖУВА : Колку повеќе власта се обидува да го уништи МАКЕДОНИЗМОТ, тој е се поголем и посилен !

Еден обичен пост на потсекретарот Кире Михаилов за честитка со кратко видео по повод големиот празник Илинден и неговото чествување покажува дека македонизмот, односно националното чувство на македонците е се поголемо или пак поддршката на ваквите постови е своевидно покајание на македонците кои од најразлични причини ја изневерија македонската кауза.

Инаку, постот на Михаилов за неполни 24 часа или за помалку од едно деноноќие има повеќе од 1150 споделувања, а со тоа краткото видео допрело до повеќе од 300.000 граѓани кои пројавиле желба да го видат.

Токму ова е доказ дека колку повеќе власта предводена од СДСМ се обидува да го задуши чувството за македонците за својата припадност и национална самобитност, таа станува се поцврста, поизразена и се поголема.

Инаку, ова е секојдневната слика во однос на македонското чувство каде имаме евидентна поларизација, т.е. евидентно е однесувањето на подржувачите на власта кои буквално во секоја ситуација го одбегнуваат дури и изговарањето на Македонија наспроти огромната бројка македонци кои се трудат да го направат спротивното.

Во изминатиов период секојдневно сме сведоци на одбегнување на изговарањето на зборот Македонија и Македонски од страна на функционерите на власта во сите нивни јавни настапи независно дали се тоа јавни обраќања или пак пишани соопштенија и постови од нивните фан страни или ФБ профили.

Инаку, постовите на Михаилов заради нивната посебност наидуваат на огромна прифатеност од пошироките маси и тие се со огромна посетеност и лајкувања.