Потврдено: Пратеникот „бeгaлeц“ повеќе од 12 години работи во Холандската амбасада во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, утринава се огласи на својот Фејсбук профил откако мистериозно исчезна на денот кога требаше да се гласа за недоверба на Владата.

Тој објасни зошто одлучил да не се појави на денешната седница на која треба да се гласа недоверба на Владата.

„Една од моите поголеми каузи на мојот политички субјект на кој му припаѓам било интеграцијата на земјата во ЕУ. Имајќи го во предвид политичкиот моментум по одложувањето на оставката на премиерот Зоран Заев, за почит на процесите и јаките сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ со кои комуницирам преку високи дипломатски претставници, дека во декември земјата има големи шанси за почеток на преговорите за членство со ЕУ, одлучив да не учествувам на парламентарната седница каде требаше да се одлучи да се стави под знак прашалник мојата стратешка национална и државна определба. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша Реџепи.

Инфомакс успеа да потврди дека Реџепи повеќе од 20 години работи во амбасадата на Кралството Холандија во Македонија како конзуларен асистент.

По вчерашната посета на холандскиот премиер Марк Руте во Македонија на ден пред гласањето за недоверба на Владата се поставува прашањето дали целта на посетата беше да се изврши притисок врз Реџепи и да се сочува Владата на Заев?

Покрај Реџепи поранешен вработен во Холандската амбасада во Македонија е и вицепремиерот Артан Груби.

! Ако се потврди заговор ова е дипломатски скандал од невидени размери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This