дома Спорт ПОТРЕБНА НИ Е ПОБEДA: Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за мечот...

ПОТРЕБНА НИ Е ПОБEДA: Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за мечот со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа првиот тренинг на Националната арена „Тодор Проески” во пресрет на натпреварот против Словенија на 10 октомври од 20:45 часот, од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра следната година.

Селекторот Игор Ангеловски на првиот тренинг ги имаше на располагање сите фудбалери на кои смета за дуелот со Словенците кој е еден од најважнте во квалификацискиот циклус. Победата ни треба, и само трите бода се во мислите на нашите репрезентативци.

Тимот е ослабен со неиграњето на повредениот Енис Барди и суспендираниот Егзон Бејтулаи, а селекторот дополнително ги повика младиот Марио Младеновски од Вардар и Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев.