дома Занимливости ПОУБАВА Е ОД БИЛО КОГА: Северина направи селфи, а фановите ја осипаа...

ПОУБАВА Е ОД БИЛО КОГА: Северина направи селфи, а фановите ја осипаа со комплименти

Северина Којич има 47 години и изглед на двојно помлада девојка.

Пејачката на големо ја подготвува својата нова турнеја, „Тhe Magic Tour“, а судејќи според објавата на Инстаграм, поубава е од било кога. Севе објави селфи фотка од авион која за само половина час собра 30 илјади лајкови и мноштво комплименти од нејзините фанови.

Пејачката на фотката позира во црна маичка со долги ракави, а нејзиниот поглед и изгледот на лицето многумина остави без текст.

„Ти си нереално убава“, напиша еден од обожавателите. Северина дефинитивно веќе две децении е една од најзгодните жени на естрадата, а многумина коментираа дека на четириесет години изгледа многу подобро отколку на дваесет.

Северина дефинитивно веќе две децении е една од најзгодните жени на естрадата!

Северина Вучковиќ е родена на 21 април 1972 год. во Сплит, СР Хрватска, Југославија и e хрватска пејачка и актерка. На музичката сцена е попозната како Северина.

Северина имала два брака. Најпрвин се омажила со Милан Поповиќ, со кого го родила синот Александар, но подоцна бракот завршил со развод. На 25 септември 2015 година, во црквата во местото Бале во Истра, Северина тајно се венчала со фудбалскиот менаџер Игор Коиќ (Igor Kojić), син на пејачот Драган Коиќ – Кеба.

Подоцна, на 22 ноември истата година, брачниот пар организирале венчавка и прослава во Белград, која била наречена „Моето српско венчање“ (Moje srpsko venčanje), а венчавката ја режирал словенечкиот режисер Томаж Пандур. Претходно, Северина и Игор се запознале на еден концерт, а ги запознал менаџерот Едвин Софтиќ.