дома Занимливости ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Третирајте ги луѓето со почит, никогаш не знаете што ќе...

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Третирајте ги луѓето со почит, никогаш не знаете што ќе биде утре

Лела работела во голема фабрика за месо. Еден ден кога ја завршила својата смена, отишла во ладилникот да провери нешто и во момент на невнимание, вратата од ладилникот се затворила и таа останала заробена.

Иако викала и довикувала помош, никој не ја слушнал бидејќи сите си заминале, а ладилникот бил изолиран така што никој не можел да ја чуе. Останала во ладната просторија и знаела дека е осудена на смрт ако таму го дочека утрото.

После неколку часа, оваа девојка била речиси смрзната и се простила од животот. Сепак, во еден момент вратата ја отворил ноќниот чувар и ја извлекол од ладната просторија. Кога подоцна го прашала чуварот зошшто дошол до ладилникот и ја отворил вратата, иако тоа не е негова вообичаена рутина, тој објаснил:

„Работам тука веќе 35 години. Десетици вработени секој ден излегуваат и влегуваат, но ти си една од ретките кои секое утро и секоја вечер ме поздравува. Многумина ме третираат како да не постојам. Денес кога дојде ми рече ’Добро утро, како сте’ и се насмеа. Но после работното време сфатив дека не го слушнав твоето ’Довидување, се гледаме утре’. Тие зборови ме потсетуваат дека сум личност. Знаев дека нешто недостасува и затоа тргнав во потрага по фабриката. Така те пронајдов“.

Лекција: Третирајте ги луѓето со почит. И чуварот и чистачката се луѓе како и вие. Ценете ги луѓето кои умеат да зборуваат и со доктор на науки, но и да бидат љубезни со некој кој во тој момент е на ниска позиција. Никоаш не знаете што ќе биде утре.