дома КОВИД-19 (Коронавирус) Починатото 22-годишно момче со масивна пневмонија побарало помош пред две недели

Починатото 22-годишно момче со масивна пневмонија побарало помош пред две недели

Дваесет и двегодишно момче од Куманово е најмладиот меѓу денешните 37 починати од ковид-19. Според кумановската болница, момчето три дена се лекувало таму откако дошло многу доцна, со веќе развиена масивна пневмонија, пренесува „Сакам да кажам“. Пред 10-на дена било префрлено на Инфективната клиника во Скопје, каде и почина.

Момчето не било вакцинирано, но нема информации дали боледувало и од други хронични болести.