дома Балкан ПОЧИНА БАБА МИЛКА: Само еден месец по победата на Трамп, почина дадилката...

ПОЧИНА БАБА МИЛКА: Само еден месец по победата на Трамп, почина дадилката на неговите деца – Баба Милка!

Милка Милисављевиќ, Србинката која кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите ги чуваше двајцата синови на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, почина синоќа во 85. година од животот во болницата во Белград, по кратко боледување.

Оваа Белграѓанка во куќата на Трамп поминала 8 години, и како што изјави има многу убави спомени од таму.

Последните 15 години баба Милка живееше во својот стан во Гроцка, а дури неодамна откри дека била дадилка на децата на новиот американски претседател.

Милисављевиќ ќе биде погребана во сабота на гробиштата во Гроцка. Зад себе остави двајца синови кои живеат во САД како и внуци.