дома КОВИД-19 (Коронавирус) Почина комичарот Кен Шимура, прва позната личност жртва на коронавирусот во Јапонија

Почина комичарот Кен Шимура, прва позната личност жртва на коронавирусот во Јапонија

Јапонскиот комичар Кен Шимура (70), починал откако бил заразен со коронавирус. Тој е првата позната личност жртва на вирусот во Јапонија.

Шимура ја започна својата кариера во раните 1970-ти и е еден од најпознатите комичари во земјата.

Глумецот имал треска и респираторни проблеми, па бил пренесен в болница на 19 март.

Во неделата, Јапонија потврди 68 нови случаи на коронавирусот само во Токио, а вкупно 1.800 заразени во земјата. Забележани се вкупно 55 смртни случаи.