дома Сцена Почина Мики Јевремовиќ

Почина Мики Јевремовиќ

Пејачот Мики Јевремовиќ почина денес во Белград, јавуваат српските медиуми.

Тој почина по кратко и тешко боледување на 75 години.

На 27 декември пејачот имаше мозочен удар и беше хоспитализиран во Клиничкиот центар во Белград. Неговата состојба беше критична, но докторите се трудеа да го спасат животот на пејачот.

Миодраг Мики Јевремовиќ беше популарен во ’70-тите години. Неговата кариера ја одбележаа хитовите како „Мама“, „Ако еднаш ја видиш Марија“, „Нека точат старо вино“.