дома Свет Почина министерот за надворешни работи Сирија

Почина министерот за надворешни работи Сирија

Еден од врвните сириски дипломати, Валид ал-Моалем (79), долгогодишен министер за надворешни работи и десна рака на претседателот Башар ал-Асад, почина денес, соопшти владата на земјата.

Извор близок до сириската влада додава дека ќе биде заменет од неговиот заменик Фајсал Мекдад. Ал-Моалем беше назначен за министер за надворешни работи во 2006 година и беше заменик-премиер, истакнат дипломат од Сирија.

Тој беше специјален пратеник во Обединетите нации и учесник во мировните разговори со Израел во 90-тите години на минатиот век.