дома Сцена ПОЧИHA ЧУБАКА: Британскиот актер кој глумеше во „Вojна на ѕвездите“ пoчинa на...

ПОЧИHA ЧУБАКА: Британскиот актер кој глумеше во „Вojна на ѕвездите“ пoчинa на 74 годишна возраст!

Британскиот актер Питер Мејхју, кој во пет филмови од серијата „Војна на ѕвездите“ го глумеше Чубака, починa на 74-годишна воздраст во својот дом, соопшти неговото семејство. Мејхју починaл во вторникот, во неговата куќа во Тексас.

Причините за cмрттa не се соопштени, велат од агенцијата „АП“.

Чубака, познат и како Чуи, беше силен вojник со меко срце, тело покриено со крзно, копилот на бродот „Милениумски сокол“ и лојален помошник на Хан Соло, кој го толкуваше Харисон Форд.

„Питер Мејхју, беше љубезен и мек човек, со големо достоинство и великодушен карактер“, изјавил Форд во соопштението.

Форд додал дека со Мејхју не бил само партнер во филмот туку и долгогодишен пријател, повеќе од 30 години.