дома Локално ПОЧНА,,ВЕЛЕШКА ПИТИЈАДА 2017“: Еве ја програмата

ПОЧНА,,ВЕЛЕШКА ПИТИЈАДА 2017“: Еве ја програмата

Во Велес синоќа на улицата „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес започна 14. по ред „Велешка Питијада 2017“ што ја организира Општина Велес во соработка со велешките кафеани, ресторани, кафетерии и винариите од Велес и регионот.

Вечерва свој настап ќе имаат Конективе Бенд, Карамба бенд, Група Виуртус, ДНК и Здравко Чолиќ.

Во недела вечер ќе настапат RNB Neighbors Cyclone, Сифоник, Чикс, Група Соната, Тамара Тодевска, Суперхикс и за крај групата „Рибља чорба“.

Инаку по традиција на годинашната Питијада 2017 во Велес вечерва во 18 часот ќе се сече џиновската пита пастрмајлија, која ја подготвуваат велешките пекари и е за Гинисовата книга на рекорди, а ќе има и други занимливости за посетителите.

Велешката пита пастрмајлија која се подготвува со свинско и овчо или козјо солено месо – пастрма полиена со јајца, во Велес е долга и трае од 1862 година. Низ годините ја подготвувале велешките домаќинки и фурнаџии, а и денес се подготвува во велешките домаќинства и е главен бренд на велешките кафеани и ресторани.