дома КОВИД-19 (Коронавирус) Почна вакцинацијата на xpонично бoлни пациенти од 20 до 40 години

Почна вакцинацијата на xpонично бoлни пациенти од 20 до 40 години

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и во ризик од Ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април годинава, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата.

Како што информираат од Министерството, опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози, кои биле одредени како ризични од страна на универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиовахулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и други заболувања и состојби.