ПОЧНА ГРУПИРАЊЕТО ОКОЛУ НОВИОТ КОНФЛИКТ: Советот за безбедност го блокираше предлогот на Русија за инцидентот со Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот за безбедност на ОН го блокираше предлогот на Русија вечерва да го разгледува инцидентот во Керчкиот канал


Имено, против ставањето на ова прашање на дневен ред гласале седум членки, четири воздржано, изјави претставникот на Кина, кој воедно и претседава со Советот за безбедност овој месец.

Пред гласањето во Советот за безбедност постојаната претставничка на САД Ники Хејли рекла дека Америка, Холандија, Полска, Шведска и Велика Британија не сакаат да го разгледуваат тоа прашање бидејќи „категорично го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во склад со нејзините меѓународно признати граници, како и територијални води“.

„Изразуваме длабока загриженост поради инцидентот кој се случи и кој претставува кршење на меѓународното право“, рекла таа, оценувајќи дека САД и нејзините сојузници се спремни да разговараат за теми на руска провокација доколку прашањето се стави во таква рамка.

Претходно заменикот на постојаниот претставник на Русија при Советот за безбедност на ОН Дмитриј Пољански изјави дека Русија барала итна седница на која ќе биде разгледа порашањето за „Поддршка на меѓународниот мир и безбедност“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This