дома Свет ПОЧНА ДА СЕ ПРАКТИКУВА ЗАБРАНАТА НА ТРАМП: Ирачани и Јеменец спречени да...

ПОЧНА ДА СЕ ПРАКТИКУВА ЗАБРАНАТА НА ТРАМП: Ирачани и Јеменец спречени да полетаат за Њујорк

Пет ирачки патници и еден патник од Јемен се спречени да влезат во авион на лет од Каиро за Њујорк.

Ова следува по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да им забрани на жителите на седум муслимански да влезат во САД, навеле извори од аеродромот во Каиро.

Овие патници биле запрени и пренасочени на летови во нивните татковини, и покрај тоа што имале валидни визи, рекле изворите, објави Ројтерс.

Портпаролот на Агенцијата на Обединетите нации за бегалци рече дека сè уште не е познато дали на шесте патници визите им биле дадени претходно под американската програма за бегалци.

Вчера Трамп потпиша извршна наредба со која им се забранува на сите државјани од шесте муслимански земји да влезат во САД во текот на четири месеци, а на оние од Сирија на неодредено време, со цел да се спречат „радикалните исламски терористи“ да влезат во земјата. Сепак, на листата не е Саудиска Арабија, земјата од која потекнуваат голем број терористи, а 15 нејзини државјани се меѓу 19-темина што го извршија најголемиот напад врз САД, на 11 септември 2001 година.