дома Локално Почна реконструкцијата на Универзална сала

Почна реконструкцијата на Универзална сала

Најавената реконструкција на Универзалната сала со зачувување на истиот габарит и автентичниот изглед почна денеска, дознава 24 Инфо.

Околу објектот се поставуваат тараби и се оградува просторот. За реновирањето на салата се издвоени 120 милиони денари од централниот буџет, а изведбениот проект за реконструкција е изработен од проектантското биро „Мегарон инженеринг“, а ќе му биде даден на Градот како донација.