дома Балкан Почна уривање на ризичните и тешко оштетени згради во Петриња

Почна уривање на ризичните и тешко оштетени згради во Петриња

Во Петриња, хрватскиот град кој е најтешко погоден од земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала, од денес почна уривањето на оштетените згради од потресот.

Најмалку 50 згради во центарот на Петриња мора да се урнат, бидејќи претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните.

Во меѓувреме, тлото не се смирува, регистрирани се нови секундарни потреси, а властите прават проценка на материјалната штета.