дома Спорт ЌЕ ГЛЕДАМЕ ФУДБАЛ: Калчо секој ден од 20 јуни

ЌЕ ГЛЕДАМЕ ФУДБАЛ: Калчо секој ден од 20 јуни

Италијанската Сериa А се рестартира на 20 јуни, а идејата е да се играат натпревари секој ден и тоа во различни термини. Како што јавуваат италијанските медиуми, мечевите ќе бидат поделени така што сите телевизиски компании, но и клубовите бидат среќни.

Исрто така ќе мора да се избегнат мечевите во попладневните часови, односно оној стандарден термин од 15:00 часот, поради високите температури. Со цел да се заврши сезоната до 2.август, ќе мора да се играат мечеви секој ден, што за љубителите на фудбалот ќе биде одлично. Останува да се види дали ова ќе се оствари и какви термини ќе бидат направени.