дома Бизнис ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА „ТУРСКИ ТЕК“: „Гаспром“ ја доби првата дозвола за изградба...

ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА „ТУРСКИ ТЕК“: „Гаспром“ ја доби првата дозвола за изградба на гасоводот – Македонија дел од рутата!

„Гаспром“ ја доби првата дозвола од Турција за изградба на морскиот дел од „Турскиот тек“, соопштија од рускиот холдинг

„Би сакал да ја нагласам оперативноста на работата со турските партнери во прата фаза од реализацијата на преоктот ‘Турски тек’“, изјави претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер.

„Гаспром“ на 7-ми септември ја дои дозволата од Анкара за изградба на гасоводот „Турски тек“. Министерството за енергетика планира во октомври да дојде до потпишување на меѓувладиниот договор за проектот за гасоводот „Турски Тек“. Шефот на руската држава Владимир Путин на крајот на разговорот со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Санкт Петерсбург на 9-ти август изјави дека до реализација на првиот крак на проектот „Турски тек“ може да почне наскоро.