дома Македонија ПОЧНУВА ТРКАТА ЗА ВИЛАТА НА ВОДНО: Уште една година до крајот на...

ПОЧНУВА ТРКАТА ЗА ВИЛАТА НА ВОДНО: Уште една година до крајот на мандатот на Иванов, партиите почнаа со подготовки на можни кандидати

За десетина дена почнува одбројувањето на последната година од вториот мандат на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, после кој нема да има можност повторно да се кандидира. Иванов, на последните претседателски избори победи со нешто повеќе од половина милион гласови на граѓаните

Во двете најголеми политички партии веќе започнале комбинаториките за тоа кој би бил најсоодветен кандидат за претседател на државата, пишува „Независен весник“ повикувајќи се на извори во партиите.

Според „Независен“ во владеачката партија веќе се спомнуваат имињата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за која се поврзува најголемиот пораз на СДСМ во историјата на партијата, но и многу скандали. Шеќеринска важи за салонски политичар кој кај граѓаните делува со доза на арогантност.

Освен Шеќеринска, во СДСМ се спомнуваат и имињата на Стево Пендаровски кој претходно беше кандидат за претсдател, Никола Димитров, вицепремиерот Кочо Анѓушев кој во последната година за себе направи исклучително негативен имиџ поврзувајќи се со низа на сомнителни зделки и злоупотреби на службената положба, како и Трифун Костовски познат по неговата аверзија кон Македонците од Егејска Македонија.

Во ВМРО-ДПМНЕ засега нема голема дебата околу тоа кој би бил можен кандидат за претсдател на државата, но од она што го дознава „Независен“ се спомнуваат имињата на екс-премиерот Никола Груевски, и министерот за финансии од владата на ВМРО-ДПМНЕ и професор Трајко Славевски.