дома Македонија ПО ДОЛГИТЕ ПРЕГОВОРИ: Утре ќе се одржи лидерска средба за Законот за...

ПО ДОЛГИТЕ ПРЕГОВОРИ: Утре ќе се одржи лидерска средба за Законот за обвинитeлcтвo

Како што најави Инфомакс утре во Собранието ќе се одржи лидерска средба на која ќе треба да се постигне конечниот договор за Законот за јавно обвинитeлcтво.

Лидерската средба е закажана за во 20 часот, а своето присуство го потврдил и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На лидерската се очекува да се постигне финален договор за новиот Закон за Јавно обвинитeлcтво и со тоа да се реши судбината на Специјалното јавно обвинитeлcтво.

Во телевизиско интервју Мицкоски синоќа најави и дека ќе ја отвори темата за предвремени парламентарни избори.