дома Македонија ПО ЕДНА БАНАНА МЕСЕЧНО: Државата троши по едно евро за три оброци...

ПО ЕДНА БАНАНА МЕСЕЧНО: Државата троши по едно евро за три оброци за студент

По едно евро за три оброци на студент – толку трошела државата во просек за доручек, ручек и вечера на еден студент, во последниве пет години. Овие податоци од истражувањето на Младионскиот образовен форум, велат симболично, но најдобро отсликуваат колку државата вложува во младите. Квалитетот на животот, со години не се поместил од мppтва точка, а токму затоа велат, и бројот на запишани студенти во домовите опaaднал и за повеќе од 20 отсто, пренесува ТВ 24.

„Државниот студентски дом Скопје во изминатава година на пример купувал по 4000 килограми банани. Тоа ако го поделиме со месеците и бројот на студенти, доаѓаме до податок дека секој студент добива по една банана месечно “ – посочи Петар Барлаковски од Младински образовен форум.

„Не сите студенти се хранат во мензите, автоматски помалку храна се троши и се намалува оваа сума, но сепак, од нормативот којшто е 100 денари, 61 денар е многу ниска сума“ – вели Мартина Илиевска од Младински образовен форум.