дома Македонија ПО ИЗЈАВАТА ДЕКА НЕ СЕ БАВЕЛ СО ГРАЃАНИТЕ: Здружението „Билка“ бара оставка...

ПО ИЗЈАВАТА ДЕКА НЕ СЕ БАВЕЛ СО ГРАЃАНИТЕ: Здружението „Билка“ бара оставка од министерот за животна средина Дураки

Здружението за канабис и зелени политики „Билка” Скопје, како Здружение на граѓани кое се залага и бори за зачувување и унапредување на животната средина бара итна и неотповиклива оставка од министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки. Последната изјава на министерот Дураки дека тој “не се занимава со граѓаните” кои решиле да тужат поради загадениот воздух, е само последната капка која ја прели чашата, велат од здружението.

„Ноторен факт е дека именуваниуот министер е исклучително пасивен во својот ресор и граѓаните често погрешно мислат дека министер е Јани Макрадули(заменик министер) а не Садула Дураки. На граѓаните и на нам како зелено здружение ни е потполно нејасно која е улогата на овој човек (освен бенефиции како министер) ниту пак можеме да го видиме неговиот особен допринос во заштита и унапредување на животната средина. Ова не е прв пат да посочениот министер се однесува комплетно игноратнтно кон Здруженијата на граѓани кои се занимаваат со она што всушност самиот тој треба да се занимава. Поради тоа, и поради фактот да за речиси година и половина како министер нема преземено никакви мерки во насока на заштита на животната средина, во услови кога целата држава се гуши од загадениот воздух а ресорниот министер “не се занимава со граѓаните” бараме итна и неотповиклива оставка на министерот Садула Дураки”, се вели во реакцијата на здружението „Билка”.

Од таму додаваат дека доколку тој самиот не си даде оставка, инсистираат да биде разрешен.