дома Економија По колкава награда добија Чифлиганец, Етеми, Таки Фити..

По колкава награда добија Чифлиганец, Етеми, Таки Фити..

Кои се староновите членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка кои ќе поделат награда? Собранието на акционери кое се одржи вчера донесе одлука со која се одобрува да добијат награда во бруто-износ од 1.021.666 денари (над 16 илјади евра)

Со оглед на тоа што во одборот има седум членови секој од нив ќе добие по околу 2.400 евра.

Членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка чиј мандат беше изгласан вчера се Таки Фити, професор, поранешен претседател на МАНУ, поранешен министер, потоа професорката Александа Максимовска Стојкова, Сава Димитрова, позната бизнисменка, екс директорка на Европа Скопје, Горан Антевски, управител на Раде Кончар – ТЕП, Електро сектор и член на Управниот одбор на Стопанската комора. Членови се и Сашо Наумоски, извршниот директор на Витаминка, но и Ванчо Чифлиганец, сопственикот на Адора инженеринг, најголемиот поединечен акционер во банката и Фатмир Етеми, управителот на ЗСФ.

Собранието на акционери одлучи да подеи и дивденда. Еве ги деталите.

За сите детали од работењето на Комерцијална банка овде

 

 

Фактор.мк