дома Европа ПО НЕКОЛКУТЕ HAПAДИ НА ТРЕСЕЊЕ: Mеркел заминува на одмор

ПО НЕКОЛКУТЕ HAПAДИ НА ТРЕСЕЊЕ: Mеркел заминува на одмор

Германската каценалрка Ангела Меркел уште денеска има државнички обврски, после што заминува на одмор.

Светските медиуми веќе претходните денови објавиле дека Меркел ќе отиде на одмор после својот роденден.

Канцеларката ќе одмора на Алпите, а планира и да оди на премиерата на „Танхојзер“ во Бајројт.

Како што е наведено планира и да ја прочита книгата „Жената која трепери“ од американската авторка Хустведт, пишува Билд.

Во книгата се зборува за жена која има нaпaди на треперење, како и самата Меркле.

Да потсетиме, Ангела Меркел која нaполни 65 години, веќе неколку пати имала нaпaди на тресење во јавност за време на официјални настани.