дома Европа По победата на Европско, Италија стpaBува од ширењето на новиот coj

По победата на Европско, Италија стpaBува од ширењето на новиот coj

Влијанието на прославата по победата на Европското фудбалско првенство ќе може да се види за неколку дена, а Италија до крајот на неделава ќе донесе план за запирање на ширењето на Ковид-19.

Бројот на жаришта расте, а Делта сојот се шири низ целата земја. Засега новиот сој е регистриран во 19 региони во Италија.

Италијанците се опуштија откако го освоија трофејот европски шампион. Луѓето се бакнуваат на улиците, слават и не се грижат за маските и мерките.

Првенствено се нападнати млади луѓе и оние кои имаат примено само една доза, како и оние кои немаат примено ниту една.

Вирусолозите и научниците предвидуваат дека до крајот на јули, бројот на инфицирани ќе се зголеми тројно во споредба со сегашниот број. За првпат се соопштува дека Делта сојот ги напаѓа и оние кои се вакцинирани.

Директорот на Клиниката за инфективни болести во Рим, Масимо Андреони вели дека вакцината работи кога станува збор за Делта сојот, но не во сите случаи како во Алфа варијантата.

Постојат многу примери за ова, особено случајот на Малта каде 130 италијански студенти се позитивни на коронавирус по летниот курс по англиски јазик. Училиштето е затворено и тие се изолирани 14 дена во хотел на островот. Некои имаат симптоми, а некои не, станува збор за малолетници.

Во Апулија, 100 луѓе се позитивни на новиот вид, по одморот во Гаргано и дружењето на плоштадот. Не се одржуваше дистанца, ниту пак се носеа маски.

Во близина на Неапол, во Торе дел Греко, има 44 позитивни за Делта сој, од кои 7 биле вакцинирани само со првата доза.

Затоа Италија носи одлука зелен картон да се издава само на оние кои ги примиле двете дози на вакцина.

Министерството за здравство информира дека е можно одредени региони да се вратат во таканаречената жолта боја, што значи одредени ограничувања и апел до граѓаните да се вакцинираат.