Автобус со број 50 кој сообраќал во правец спрема Центар, бил каменуван денеска попладне на булвеарот „Крсте Мисирков“ во близина на пешачкиот мост.
Неколку лица фрлале со камења кон автобусот, а полицијата привела еден од нив, 22-годишник со иницијали А.М. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите сторители.
Не е познато дали овој инцидент е поврзан со протестот за малиот Алмир, кој се одржа пред Владата. Каменувањето на автобусот следело откако толпата се разотиде од протестот.