дома Свет ПО ПУЧOT: Поранешниот претседател на Боливија бара aзил во Аргентина

ПО ПУЧOT: Поранешниот претседател на Боливија бара aзил во Аргентина

Поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес, кој ја напушти земјата по спорните претседателски избори, допатува денеска од Куба во Буенос Аирес, каде што има намера да остане, изјави новиот шеф на аргентинската дипломатија Фелипе Сола.

– Тој доаѓа за да остане во Аргентина во својство на барател на азил, а потоа ќе добие статус на бегалец, рече Сола.

Новиот претседател на Аргентина Алберто Фернандез во ноември рече дека ќе му одобри азил на Моралес, бидејќи смета дека поранешниот претседател на Боливија е „жртва на обид за државен удар“.

Моралес, кој беше принуден да си поднесе оставка по уличните протести на 10 ноември, замина за Мексико на 12 ноември. Поранешниот боливиски претседател отиде во Куба минатата недела, но се одлучи за Аргентина, каде неговите деца се преселија во ноември.

Тој е првиот претседател на Боливија со индијанско потекло.