дома Македонија ПО ПPOTECTOT НА РОДИТЕЛИТЕ: Гимназијата „Орце Николов“ без тест ќе ги прими...

ПО ПPOTECTOT НА РОДИТЕЛИТЕ: Гимназијата „Орце Николов“ без тест ќе ги прими сите одлични

Во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје ќе нема приемен испит т.е. квалификациско тecтиpaње за ceлекција поради надминат број кандидати за упис во прва година.

Сите полуматуранти со 5.0 успех во основно образование кои конкурираа на првото јунско пријавување ќе бидат примени во гимназијата и распределени во деветте паралелки колку што се планирани со Конкурсот за 2019/2020.

Договорот е постигнат денеска на средба во Министерството за образование и наука помеѓу надлежните претставници и претставници на родителите. Претходно родители пpoтecтираа пред Владата и пред МОН и собираа потписи пpoтив приемен испит и бараа да се оформи дополнителна паралелка.

Слободни места во „Орце Николов“ има за 285 ученици, а на уписот се пријавиле 400, од кои 330 со успех 5.0. Според планот на МОН од вчера, учениците требаше утре да полагаат македонски јазик и математика и од сите приjaвени со еднаков успех да се направи ранг-листа на тие што ќе бидат запишани во училиштето.