дома Свет По Русија и Велика Британија најави помош за Бејрут

По Русија и Велика Британија најави помош за Бејрут

Велика Британија објави дека ќе му помогне на Бејрут со пет милиони фунти како и дека ќе обезбеди медицинска помош и помош при потрагата по преживеани.

„Ние ќе застанеме зад луѓето од Либан во моментот кога тоа е потребно и ќе обезбедиме пакет итна помош од пет милиони фунти, како и професионална медицинска помош“, рече министерот за надворешни работи Доминик Раб, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека допрва треба да се утврди дали и колку британски граѓани зaгинале во експлозијата во Бејрут.

Русија веќе испрати медицински тим и мобилна болница, како и помош со авион Иљушин.