По седум сезони минати во Вардар, Игор Карачиќ, како шампион на Европа си замина од „црвено-црните“ редови и до крајот на неделава треба да ја има и официјалната промоција во дресот на полски Киелце.
Имаше најави и шпекулации дека Вардар ќе се обиде да го задржи хрватскиот бек, но сега веќе е јасно дека нема враќање.