дома Сцена ПО СРБИЈА, ЦРНА ГОРА, СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА: Од утре и авторите од...

ПО СРБИЈА, ЦРНА ГОРА, СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА: Од утре и авторите од БиХ забранија користење на нивната музика во Македонија  

 И Босна и Херцеговина забрани да се користи музиката на нивните автори во Македонија. Собранието на организацијата АМУС од Босна и Херцеговина на последната седница одлучи да се забрани користење на музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија.

Оваа забрана важи од утре, 4 ноември.

Македонската организација за заштита на авторските музички права ЗАМП е овластена да ги преземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на АМУС, а врз основа на склучените меѓусебни договори за реципроцитет.