дома Свет ПО ТРАМП И ПУТИН ПОВИКА НА ЗДРАВ РАЗУМ: Русија се надева дека...

ПО ТРАМП И ПУТИН ПОВИКА НА ЗДРАВ РАЗУМ: Русија се надева дека ќе победи здравиот разум

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека ситуацијата во светот е станува се по хаотична и се надева дека сепак ќе победи здравиот разум.

“Ситуацијата во светот постанува се по хаотична”, истакна претседателот Путин на свечената церемонија при акредитацијата на 17 нови амбасадори во Русија.

“И покрај тоа, ние се и надеваме дека здравиот разум ќе преовлада и дека меѓународните односи ќе имаат конструктивен тек, целиот систем во светот ќе стане постабилен и попредвидлив”, рече Путин.

Тој додаде дека Русија е подготвена да поддржува конструктивни иницијативи на други држави.

Русија ќе настојува да се поттикува зацврстување на глобалната и регионалната безбедноста, рече тој.

“Што се однесува на Русија, таа ќе настојува постојано да промовира зачувување на глобална и регионална безбедност и стабилност и да се придржува на своите меѓународни обврски, строго и целосно”, истакна рускиот лидер.