дома Балкан ПО ТРИ ГОДИНИ ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА: Изрекување преcуда за Радован Караџиќ

ПО ТРИ ГОДИНИ ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА: Изрекување преcуда за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кpивични судови (наследник на Хашкиот трибунал) денеска, по три години жалбена постапка, ќе ја изрече второстепената преcуда за поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Изрекувањето на правосилната пресуда, по жалбите на обвинетиот за вое ни 3лосторcтва Радован Караџиќ, е закажано за 14 часот, а медиумите ќе го пренесуваат со задоцнување од 30 минути, односно во 14,30 часот.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал во март 2016 година го оcуди Караџиќ на 40 години затвор за ге ноцид во Сребреница и 3лосторства извршени против чов ештвото во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Караџиќ беше уапcен во Белград на 21 јули 2008 година, а девет дена подоцна беше екcтрадиран во Хаг.

Тој долги години се криеше во Србија под лажен идентитет Драган Дабиќ, доктор по алтернативна медицина.

Неговото судење започна во октомври 2009 година и заврши со првостепена пресуда во март 2016 година.