По три дена изгаснат големиот шумски пожaр над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велес, 12 септември 2021 (МИА) – Вечерва во 17:00 часот целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој трет ден беснееше над железничката станица „Рајко Жинзифов“ на теренот во правец на селата Белештевица и С`лп.Во пожарот изгореа над 200 хектари ниско стеблеста дабова шума.
Во гаснењето на пожарот денеска 11 часа од утрово од 6:00 до вечерва до 17:00 часот беа вклучени девет пожарника од ТППЕ Велес, 10 вработени од Дирекцијата за заштита и спасување и пет вработени во Шумското стопанство „Бабуна“.
Пожарот беше пријавен во ТПП Велес во петокот во 13:10 часот, а изгаснат е вечерва по 52 часа .
За сега не се откриваат детали околу причините на пожарот, но надлежните институции се сомневаат дека причинител е човечки фактор како и кај останатите пожари.ад/вј/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This