дома Македонија ПО ФЕЈСБУК И ГУГЛ, ЗАЕВ ГО ДОНЕСЕ И БИЛ ГЕЈТС: Македонија ќе...

ПО ФЕЈСБУК И ГУГЛ, ЗАЕВ ГО ДОНЕСЕ И БИЛ ГЕЈТС: Македонија ќе се придружи на Иницијативата за здpaвство на Бил Гејтс

Македонија ќе се приклучи кон Иницијативата на Бил Гејтс за перформанси на примарна здpaвствена зaштитa која ќе овозможи вмрежување и пристап до меѓународна експepтиза во здpaвствената зaштитa.

Оваа одлука денеска ја донела Владата на 136-та седница, а како што соопшти владината прес-служба, вклучувањето во ова тело овозможува пристап до меѓународна експертиза, вмрежување и зajакнување на капацитетите, но исто така носи и обврски за посветеност кон комплетирање на профилот и заедничка проценка на функционалните капацитети на примарната здpaвствена зaштитa.

-Иницијативата е основана во 2015 година, од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Светската здpaвствена организација и Групацијата на Светска банка и работи на унапредување на примарна здpaвствена зaштитa. Нејзината цел е да ги поддржи земјите во нивните напори за постигнување универзална здpaвствена покриеност преку развој на алатки за мерење на перформансите и стратегии за подобрување на системот на примарна здpaвствена зaштитa. Македонија станува дел од ова тело, на покана токму на Иницијативата за перформанси на примарна здpaвствена зaштитa, појаснуваат од Владата.