дома Македонија По 10.000 денари награда за пожарникарите, одлучи владата

По 10.000 денари награда за пожарникарите, одлучи владата

Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината.

-Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината.
Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени.

Уште еднаш сакам да изразам благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот и да порачам дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно, напиша вицепремиерот Љупчо Николовски на фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.