дома Социјални Мрежи ПО 15 ГОДИНИ ЖЕЛБАТА МУ СЕ ОСТВАРИ: Љубе се провозе со возило...

ПО 15 ГОДИНИ ЖЕЛБАТА МУ СЕ ОСТВАРИ: Љубе се провозе со возило на МВР, заедно со Стојанче агитирајќи за СДС во Ранковце!

По 15 години непреболена желба за возење во полициско возило, денес Љубе Бошкоски конечно седна во автомобил на МВР. Секако, Љубе не се возеше на службена задача бидејќи не е вработен во МВР, а тоа не го направи ниту Стојанче Ангелов кој пак е поставен за советник за полициски работи заедно со неговата сопруга во кабинетот на Оливер Спасовски. Не, тие ги злоупотребуваат возилата на МВР во служба на партиската кампања, агитирајќи за кандидатот на СДС во Ранковце

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Денешниот пазарен ден во Ранковце искористен за политичка агитација од страна на советникот за полициски работи Стојанче Ангелов. Во придружба на советникот беше и претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. Како Стојанче Ангелов во тек на неговото работно време врши политичка агитација за кандидатот на СДСМ Ивица Тошевски? Како смее службено полициско возило да биде на располагање за оваа намена?
Засрами се Оливер на институцијата која ја направи заложник на твоите партиски потреби. Какви заложби какви бакрачи за одвојување на МВР од политика, поголемо МВРО од твоево на дело немало досега. – стои во текстот на ФБ страницата „МВР партиски штаб“[/kopa_block_quote]