По 20 години повторно директна линија од Скопје до Москва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 20 години, на скопскиот аеродром за прв пат слета комерцијален авион од Москва со што повторно е ставена во функција директната авионска линија Скопје-Москва-Скопје.

Повторното отварање на авионската линија го официјализираа рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздникин, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ТАВ Македонија Метин Батак.

– Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје слета првиот авион на руската авиокомпанија „Нордвинд ерлаинс“, со што официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва – Скопје после 20 години пауза. Во свеченото отворање зедоа учество Амбасадорот Сергеј Баздникин, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак, и претставникот на „Нордвинд“, Глеб Богданов, стои во објавата на ФБ профилот на Руската амбасада во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This